Во текот на целото тоа попладне присетувањето на неа силно го вознемируваше, но секој следен пат истовремено помислуваше дека тој не е момчак со среќа да има таква девојка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)