момент (имн.) - негов (прид.)

Човечкото тело нема цена! (Gai. – D. 9,1,3) Бобан Јакшиќ од с. Волково – скопско (сега 38-годишен) работеше во фирмата ГПТУД „Конкрит М.Б. Тимо“ ДООЕЛ Скопје, како градежен работник- ѕидаротесар во периодот од 2002 до 2007 год.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Краста: Тики, ти дојди со мене.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе те водам кај Чедо, во овој момент неговото присуство ми е неопходно!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во април 2007-та, Јакшиќ се здобива со тешка телесна повреда при работа2 и од тој пресвртен момент неговиот живот драстично се менува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но во истиот момент неговото внимание го привлекува нешто друго, тој го заборава Савета и провлечува со многузначителен глас: - Соколе, гулабот!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Така, во еден момент Винстоновата омраза воопшто не беше вперена кон Голдштајн туку напротив, кон Големиот Брат, кон Партијата и кон Полицијата на мислите; во таквите моменти неговото срце полетуваше кон осамениот, исмеан еретик на екранот, единствениот чувар на вистината и на разумот во светот на лагите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)