момент (имн.) - во (предл.)

Тики: Во право си, Еди! Кој ја ебе! Маргина 37 125
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во тој момент во џебот на сакото на Краста заѕвонува неговиот мобилен телефон.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но при тоа свежите траги за случувањата ни се нарушени во паметењето, и бараме помош од други луѓе, записи, артехакти или било што друго, ако воопшто некој успеал да го фати моментот во лет, зашто движењето и настаните бргу се случуваат, многубројни се и се прикриени од нашето полизаспано око.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И како што се поткревам на прсти така во пресудниот момент во салата влезе некој од чуварите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во Цариград на Сандета му било издадено решение парите да се исплатат во Монастир, меѓутоа, во тој момент во Монастир касата немала доволно пари, та се решило парите да се платат откога ќе се продадат на лицитација турските чифлици Кале и Каменци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури, имаше моменти во детството, кога во својата фантазија се исправав дотаму, што би бил готов да убијам, за да ја симнам таа навреда од нашето семејство и да ја спасам неговата чест.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа е и моментот во кој се отвора политичкиот контекст на делото, подоцна заокружен со Симонивите нејасни врски со политичката елита на Македонија како и со приказната за партиски поделеното и раскарано село, но дневнополитичкото милје, иако препознатливо, ни во еден момент не се наметнува самото како слика на современиот момент, туку пред сѐ, преку поврзувањето на минатото и сегашноста, се стреми кон воопштување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Без испуштањето на тој воздух, кој се компримира во цевката доколку во некој момент во неа не течела вода и сега наеднаш е пуштена, водата не може да пробие надолу по главните цевки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чекајќи ги, значи, тие моменти во својата служба, Константин З. ќе исчекореше напред, за потоа неговото административно напредување да бележи извесна стагнација, сѐ до новата политичка прилика.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Досадни се и овие травеститиве преоблечени во авторитет...  Па, добро, Сашо, не е толку страшно, прашај го господин Страшо! (во тој момент во просторијата на Сашо, влегува еден негов пријател сликар, Чкртко-Шкртко Вртко Ртко ко „О“ што изгледа, а чие вистинско име Сашо ми забранува да го спомнам) Имаш стан, огромно дрво во дворот, другар што добро ги продава своите слики... (во разговорот се вклучува Чкртко-Шкртко) Чкртко-Шкртко: Ма, макетонецот е генијален уметник, само не го бидува за организација, за бизнис, за политика...  Не заебаај, Твртко-Вртко, ти мал маусдонецу ко мравка вреден!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Капитулацијата на Италија претставувала пресвртен момент во промената на британското движење спрема Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Капитулацијата на Италија претствувала пресвртен момент во промената на британското држење кон Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сепак, најпривлечен момент во филмската креација за мене бил, е, и ќе биде дружењето и соработката со прекрасните карактери на моите пријатели - андерграунд уметниците и луѓето симпатизери на андерграундот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Цепенко стоеше исправен среде шумата и личеше на некаков џин, подзапрен за момент во борбата со столетните буки, готов пак да ја продолжи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Поминаа неколку моменти во кои Сновалката имаше доволно време дури и да ми ја скине главата во случај да имаше и да се служеше и со такви средства.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа излезе за момент во тремот и донесе празна саксија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја кладе веднаш зад крпите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие ја повикуваат индивидуата да размислува за промените кои се одвивале во поскоро или подамнешно минато на нивото на акција. • Да размислиме за момент за овие промени.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кои се новите заклучоци околу тоа каков е вашиот вкус? • Што ви кажуваат овие откритија за тоа што сакате во животот? • Разбирам дека сте посвесни за позадината на овој преоден момент во животот на Марија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога се определија за поинаков начин на меѓусебно однесување, ги прашав што мислат за тоа да останат заедно на овој начин, и што би било позитивно во оваа промена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По ова, поставив неколку прашања кои ги охрабрија да ми раскажат за позитивните моменти во нивниот однос.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
САЗДО: (Ослушнува внимателно и го вади џебниот часовник) Еве го патничкиот, точно навреме!
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
САНЕ: Дупла! Во тој момент во замаглената просторија на бифето навлегува завивање на сирена.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Труман Капоти или Херман Мелвил?433 Со други зборови, дали ви е подраг оној вид култура што е вкоренет во геј-идентитетот или оној што е вкоренет во геј-идентификацијата?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Проблемот е во тоа што она што е навистина старомодно не се геј-баровите и геј-бањите, не се ниту заедниците што тие ги создаваат, ниту сликите од Дејвид Хокни со момчиња што скокаат в базен, ниту романите за машкиот геј-живот од Ендру Холеран и од Едмунд Вајт – колку и да е сето тоа старомодно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ТОНИ го решава проблемов така што на првото место од својот список на „Десетте најдобри моменти во геј-културата на Њујор Сити“ не ги става стоунволските безредија – тие се на второ место – туку на „Руфус ја пее Џуди“, настапот од 2006 г. во Карнеги хол во кој Руфус го преизведе легендарниот концерт на Џуди Гарланд од 1961 г. и ги отпеа сите песни по истиот редослед и во истиот простор.434 Сепак, ТОНИ на читателите им го дава изборот мошне остро.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе сакате да го слушате Руфус Венрајт или да ја слушате Џуди Гарланд?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Плачеше кутрото суштество, немоќно да прозбори, дотолку оштетено од самосожалувањата на Еразмо, што за момент во него се измешаа загубената надеж од долгогодишното чекање, со силната радост, што конечно е откриено, така што, резултат од судирот на тие две силни појави се случи плачот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во тие моменти во автобусот ми стануваше туѓ и татко ми, само при помислата дека можеби и тој би бил во состојба да стори такво нешто.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А бидејќи деконструкцијата понекогаш нѐ принудува да прашуваме за вистината, за умот, за смислата, за светлината, постои еден момент во кој тоа прашање за вистината веќе не му е подложно дури ни на авторитетот на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во моментот во кој нешто означувам како историско, пак си го присвојувам она во што неприкажливото по себе не е историско.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сепак, текстот сакам да го завршам со апел до чинителите на театарскиот чин кај нас: Не ја прикривајте завидливоста, ниту пак потребата од плагијат, оти тие, неретко, раѓаат нови и вредни моменти во творештвото!
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За да потенцирам одредени моменти во нашиот културен простор.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
МИЛКА: Ти изгледа не си чула? (Токму во тој момент во собата се враќа Младичот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И да го овековечиме тој момент во пренос низ целиот свет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јасно е, голем е соблазнот да го дигнеме во воздух и да го запалиме.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во тој момент во докторската приемна соба се појави млад лекар со резултат од ехо прегледот, чија слика веќе беше ставена во книшката на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога се отвори пердето, за момент во чудо ме погледна, се сврте кон неговиот другар и воедно негов колега, и ми рече: „Отворете уста“, а мене ми беше јасно дека, ако јас сум шерет, тој е барем 10 пати пошерет од мене затоа што едно тенко црево со камерче кое го извлече од една лигава вода во кофа, која толку многу ме потсетуваше на тенџерето на мајка ми (спомен од Соко Бања, со точки), заврши во моето грло и надолу, сѐ до желудникот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Второ и најважно не беше сигурен дека Александра нема информацијата за неговото прво наркоманско искуство да ја смести во некое негово неофицијално CV, кое што подоцна може да му донесе навистина среќни моменти во неговиот млад живот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Мојата врска беше линијата Порт де Ванв и речиси во истиот момент во првиот ходник сфатив дека Паула (дека Офелија) ќе тргне низ ходникот што води до врската на линијата Мари д Иси.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да, тоа навистина беше мошне важен момент во мојот живот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Томето немо стоеше потполно предавајќи му се на мигот, на најубавиот момент во нејзиниот живот, чувствувајќи ги прекрасните топли, меки усни на своите како ја исполнуваат со чудесен длабок мир и бескрајна топлина, светлина и убавина кои ѝ се ширеа се низ телото до сржта на секоја клетка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Денес треба да сфатиме дека ослободувањето на површината од должноста на изразот, од можноста за израз, претставува момент во кој таа добива нова, проективна улога: низ метафори, визии, фикции.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Конкретизирање на моите илузии во страница вистина, која треба да ја раководи државата во пресудни моменти во однесувањето кон другата држава Шифрантот Петар Иваз ја чекаше пораката, откако ми го предаде катадневниот циркулар на телеграми кои стигнуваа од Централата на прочит.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Феникс се раѓа само еднаш, во случајот на Арафат тоа ќе биде повеќепати...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXIX Историските личности се создаваат во долг временски процес, во пресрет и вкрстување на бројни околности и противречности, така што нивната блескотна појава во клучни моменти во историјата останува целосна енигма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само во тој еден единствен момент во целиот мој живот, јас поседував вистински конкретен доказ после настанот... години по него.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Високата категорија останувала долги периоди безбедно на власт, но порано или подоцна секогаш настапувал момент во кој таа или ја губела вербата во себе, или својата способност да владее ефикасно, или и едното и другото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постоеја моменти во кои нервите толку му откажуваа што почнуваше да вика за милост уште пред да почне тепањето и кога само погледот на една тупаница повлечена за да зададе удар беше доволен да го натера да почне да признава вистински и измислени престапи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој момент во ходникот гласно зборуваа собарките Кристина и Мери.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Зарем сакаше нејзиното дете да не ја почувствува таа закрила, таа сигурност, што во пресудните моменти во животот ја дава само таткото?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Навистина, една од главните задачи на секоја историја на рецепцијата на модерната уметност е да се докажат идеолошките моменти во божем општествено неутралните формални анализи на уметноста...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Додека го слушаше својот учен пријател како со чудесна точност ја изнесуваше природната сага на јагулите, Татко не престануваше да трага по нови моменти во согласието меѓу движењето на своето семејство и патот на јагулите: „Зар коските на јагулите, по херојското патување, по љубовната обновувачка екстаза не се стопуваат, исчезнуваат на едно место?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој ја потсетува дека во „мултиверзумското“ читање на квантната механика на секој момент во кој неутронот би можел да се распадне му одговара универзумот во кој тоа се случува или се случило и a fortiori постои верзија на нас, посматрачите, која го разгледува распаѓањето на тој поединечен неутрон во тој поединечен момент во тој поединечен универзум. 76 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Најчесто претставуваа некое фототропично движење, момент во којшто тој се забла­го­даруваше или се смируваше за да наслушнува за напаствие.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Или сакаш да ми речеш дека се гордееш со својата умешност да го спречуваш водењето на истрагата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Шегата на страна. Како да навестуваш нови моменти во однесувањето!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И сигурно преставува нешто многу повеќе од практикувана специјалност само на една затворска власт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека по овие негови објаснувања си ги запишав во сеќавањето зборовите корнењето нокти, потоа и молчењето како избор затоа без да го коментирам она што го рекол, во еден момент во изминатите денови бев забележал: Корнењето нокти веројатно е многу болно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова го спомнувам само затоа зашто сега веќе сум сосема сигурен дека токму тоа беше оној клучен момент во мојот живот што подоцна секој ден грижливо ми ја отчукуваше судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојат моменти во кои темнината ја надвјасува светлината. Не го гледав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Гледајќи низ неа се ни изгледа поинаку, и луѓето што учествувале во неа, и моментот во кој се случила, случајноста добива виша, судбинска смисла.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сето ова нè води кон суспензот кој некои - не негирајќи дека Хичкок е мајстор за него - го сметаат за внатрешна форма на спектакл, додека тој, пак, самиот за себе, претставува спектакл. (...) Според општото правило, суспенз-сцените ги сочинуваат привилегираните моменти во еден филм, оние кои остануваат во сеќавањето.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оваа дива желба да го одржи вниманието по секоја цена и, како што тоа самиот го вели, да го создаде, а потоа да го сочува возбудувањето за да ја одржи напнатоста, ги прави неговите филмови многу посебни и неповторливи, бидејќи Хичкок врши влијание и доминира не само врз силните моменти во приказната, туку и врз сцените од експозицијата, во моментните сцени и врз сите инаку вообичаено неблагодарни сцени во филмот силно се чувствува неговиот „ракопис”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
“Јас сѐ уште не сум роден” поради тоа што моментот во кој падна одлу­ката за мојот утврдлив идентитет ми беше скриен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, доколку вашето прашање подразбира дали она што го велам е норматив во вообичаената смисла, тогаш ми е потешко да одгово­рам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Залудно најконцентрирано и најстрого да ја напаѓаме политиката на Запад, Израел и арапско-исламскиот склоп (впрочем, 44 Margina #11-12 [1994] | okno.mk под секоја од нив се крие уште поне­која), залудно што во тие напади се враќаме и треба да се враќаме наназад (а треба да се вратиме многу многу далеку, со јасно означени етапи), одлуката мора да се донесе во едно “денес”, во еден единствен момент во кој ниедна мината грешка веќе не може да се избрише или исправи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сакав просто да нагласам дека секоја претпоставена сигурност и не-контрадикторност во толку напнати околности (а тоа важи и за сите други) всушност се потврди на оптимизмот, чистата совест и неодговорноста, па затоа и на нерешителноста и продлабочената неоперативност а сѐ под маските на оперативност и решителност. 4Прашањето можеме да го поставиме и инаку: постои ли филозофија на Жак Дерида? 4Не постои. 4Значи, нема порака? 4Не. 4Дали има норматив? 4Секако, го има, само него и го има.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, малтретирајќи се околу една невозможна работа, на која исцело и самиот ѝ се спротивставувам, “јас” ја претставува самата форма на спротивставувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А одлуката (на пример, во политиката) секогаш се донесува во момент во кој дури и најкритичното теориско расчленување веќе не е кадарно да ги промени неповратните премиси.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја имав насликано болката и радоста како во еден момент на сплотување, блискост, а тој момент во очите на илјадници луѓе, но никој не го забележува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-„Кои работи во животот ве тераат да застанете и да живеете, а не да трчате кон крајот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Гледајќи на едната страна на мостот почувствував топлина во душава, а во истиот миг студена болка во градиве, очајна вознемиреност ми ги замрзна солзиве, гледајќи ги созлите во очите на страдалниците.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да се сетиме на најрадосниот момент во живот, кога доживеавме искрена, длабока среќа Во хистеријата на секојдневието, кога ќе се сопнете на најситното камче сте се запрашале ли: -„Која е вистината за вашиот живот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се пишувало најчесто во одредени клучни моменти во животот: при селидби, суши, глад, при стигнување во туѓина, при свадби, раѓања, умирачки.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше тоа убав, радосен момент во моите париски години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На страниците на печатот се нашле информации за ослободувањето на Дебар на 9 септевмри 1943 од страна на македонските партизани во содејство со албанските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Капитулацијата на Италија на 8 септември 1943 година била пресвртен момент во целокупната ситуација во однос на известувањето за настаните во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
После оние зеднички моменти во Парис знаев дека она што се случи меѓу нас не е нешто што избледува и се заборава”.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Скапи глупости, си рече во тој момент во излогот, како да е тука ставен по грешка, забележа еден дебел блок со зелена хартија. Застана фаќајќи ја Летка за рака и задржувајќи ја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа значеше дека од тој момент во мојата сопствена соба требаше да се извинам пред да се накашлам, за да не се налути некој од соседите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во тој момент во воздухот забрмче една зелена мува и прелета покрај Врапчо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)