момент (имн.) - таа (зам.)

Тематиката на „враќањето”, се пренесува низ повеќе мотиви: на моменти таа се поврзува со доживеаната историја, а во други, со елементите на меморијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во тој момент таа е бесна на мајка си поради предлогот да го одбере двојниот живот како решение.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тој момент таа се сети на својата покојна бабичка; кога ќе падне ѕвезда, збору­ваше, некој умрел, една душа застанува пред бога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во моментот таа мисла ми се поврза со тетка Рајна и со жената, која беше дојдена со неа пред јас да заминам на училиште.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Седиме така радосни и зборувавме нешто, кога во еден момент таа стрелна неколку збора што ме закопаа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во еден момент таа скршна зад училишната зграда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во еден момент таа и се обрати на сестра ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во еден момент таа викна: - Тето, види, сега ќе влезам внатре и ќе појдам на гости кај Дуња-Ѓузел, - и скокна во водата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но по неколлку моменти таа се врати (и тој гест како да беше една од нејзините мајстории) и наѕирна откај вратата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Се согласуваш со мене, Дудо? - прашуваше Џорџ сениорот и грлено се смееше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ѝ реков на девојката дека моите зборови сигурно ја вцрвиле и под комбинизонот, во првиот момент таа почна да се кикоти како одзатната.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ја сфатив сосема причината но во еден момент таа му се обрати на сениорот Џорџ: - Ти имам речено и пак ќе ти речам: човеков е виновникот што тебе те избрав за сопруг. – Знам, знам – грлено се смееше сениорот Џорџ. – Зарем ти немам речено дека Македонија е богата со умот, многу богата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)