момент (имн.) - оди (гл.)

Ако Ана се симне на Монпарнас-Бјенвени моите шанси се минимални; како да не се сетам на Паула (Офелија) таму кадешто можната четворократна врска го истенчува секое предвидување; меѓутоа, оној ден со Паула (Офелија) бесмислено бев уверен дека ќе се поклопиме, до последниот момент одев на три метри од таа бавна и плавокоса жена облечена како во суво лисје, па затоа нејзиното вртење надесно ме плесна по лицето како камшик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)