Во тие моменти знаев само дека не сакам да се убие.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Како воопшто го издржуваш овој одвратен, бездушен град кој не поседува минимум критериуми и којшто се пали бескрајно бавно и накнадно, ко фитиљ во цртан филм, и сѐ што имаме од него се тие комично гарави лица наутро во огледалото, ко проклети потсеќања дека овде сѐ е џабе и дека немаме шанси?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ги зачуди и Дедомразовите живи очи, иако неговото срце, подзапалено од симпатијата, во одредени моменти знаеше да се соземе, да падне на земја смирувајќи ја топката огнена што удира во мирните вијуги на неговиот мозок.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Разговорот го води: Abe Buzoni M Драга госпоѓице Нора, во моментов знам за барем два вредни културни проекти во градов - филмот Маклабас и твоето снимање за ЦД - чијшто буџет е нула.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во тој момент знаев дека чувството кон таа друга мајка со ништо не го повредува чувството, љубовта кон мајката што не беше родила и што на така трагичен начин ја загубивме.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)