момент (имн.) - забележи (гл.)

Во еден момент забележав дека на човекот на соседната маса од џебот му ѕирка дршка од пиштол.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во другиот агол, како земна противтежа на таа симболика, претставена е оваа сцена: комшиската мечка се искачила на плотот со намера да прерипне ваму, но во последниот момент забележала дека долу подмолно ја демне песот Шаро, готов да ја задави.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во истиот момент забележав еден човек кој ни доаѓаше во пресрет со две помали деца.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)