Момето отпрво си постоја среде црквата, потоа се допре до ѕидот, се загледа нагоре, и не се помрдна веќе: земјата незабележливо ја поткреваше нагоре и среде неосквернатата свеченост и мир ја наведна главата врз светецот на ѕидот, и ги склопи рацете на молитва и се насмевна.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)