Планините на сабајле треба да се лижат
штедро, скокотливо, одвнатре
по преслапите, по пресеците, по вршниците
дал-господ јазици
и за на небо и за по земја
и под, и над, и пред и по
треба да се диши длабоко, однапред
да се ублажи налетот на дневниот молк
сѐ до следната средба со ноќната граматика.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ѕвезда молчи... Молкот сѐ слуша - ништо не кажува.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)