Ти, Земјо, песно напната в молк на мојот праг склопчена одврзи ги немирните коњи.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Обмолчен е Домот на боговите. Под кулите на тврдината Саксауман во Куско кога молчат, сите молчат на кечуа, главниот јазик на царството на Инките и молкот на сите им е облечен во промена од слезова боја.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Братучедите тогаш забележаа дека на улицата под авлијата се собрале едно чудо селани и занемено гледаат кон молкот на фронтот што сите нив ги удираше в лице како некоја пареа од отворена утроба.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)