На твојот мозок му е здодевно, здодевно му е до смрт во оваа ограниченост на статично бедната стимулација на нашите домаќинства во 1990-та.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Одозгора си ги фрлија тешките мутафи. Многу мисли немаше Петре таа вечер: ни за впечатоците од денот не оддели многу место во главата: небаре мозокот му беше вкочанет, како и нозете.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сликите на апокалиптичниот сон ги заменува неговата способност за брза рационализација: Геханна, јудејскиот непрецизен поим за пеколот како што, впрочем, јасно покажав во мојот докторат, е доработен во Куранот и таму е преименуван во Џаханнам или Џехеннем. Во Солун велат – во џенем.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мозокот му беше во вистинска конфузија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Колку спиеше? Малку? Цела вечност? Мозокот му работи забрзано.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)