модерност (имн.) - доведе (гл.)

Со нејзината теорија за „растот на социјалното“ и намалувањето на јавниот простор во модерноста, претставена во „Човечката состојба“, Арент застапува нагласено антимодернистички став: модерноста доведува до губење на јавниот простор преку остра поделба на современите општества на тесно политичка сфера од една страна, и економскиот пазар и семејството од друга.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Од друга страна, Хабермас јавната сфера не ја гледа агонистички како простор за конкуренција/натпревар меѓу политичката елита; Хабермас има подемократско гледање на јавноста како сфера каде што оние врз кои влијае државната политика може да придонесат за нејзино формулирање, преку „слободен и неограничен дијалог меѓу разумни поединци“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
96. Во текот на овој период на рана модерност, функцијата на индивидуалноста и граѓанството се преклопуваат: постои идентичност меѓу homme и citoyen, што им овозможува на поединците во потполност да го развијат својот потенцијал и рационално да влијаат и да го 95 Ibid., p. 27. 96 Mark Warren, “The Self in Discursive Democracy” in The Cambridge Companion to Habermas, ed. Stephen White (Cambridge: Cambridge University Press, 1995), 172. 85 создаваат својот општествен и политички поредок преку активно учество и вклученост во јавната сфера.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Доцната модерност доведе до пропаст на јавната сфера.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)