Вашите ребра ќе го означат неопходниот врв Според кој ќе се распознава македонската могила во Азија над која не месечината на Борхес - туку сонцето ќе биде ваш заеднички епитаф.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Во својот конструкторски занес не забораваш да ја создадеш палубата Но притоа избираш и зборови, најбрзи зборови зборови со крила, зборови со умеење на птица во одредување на страните на светот Можеби тие треба да бидат едрата што ќе го поведат бродот низ тесните длабоки клисури и покрај подводните ‘рбети на могилите во кои се закопани соништата на отскитаните Одисеи што сега немаат море да се вратат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)