Како резултат на таа дејност, моделот на писмо во јазикот за кој се создава писмото, индуцира определено множество од фонетски единици, чија целокупност го сочинува планот на содржина на новото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во принцип, сите долу опишани системи би можеле да се пишуваат со речиси секое множество од графетички конвенции.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Бидејќи секој систем на писмо, а особено алфабетот, претпоставува имплицитно претходна фонетско- фонемска анализа на јазикот од страна на составувачот на писмото, тогаш секој систем на писмо претставува најстар пример на лингвистичко истражување во конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Коен ја дефинира глобализацијата како „множество од економски, културни и технолошки процеси кои го намалуваат значењето на територијалните граници во обликувањето на условите на живот на поединците и општествата“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Множество од еротски детали меѓу него и Рози му се појавуваа во имагинацијата - интимности кои за него имаа значење и квалитет на побожни тајни.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)