млеко (имн.) - на (предл.)

Црното млеко на ноќта Ми ја криеше раката Дигната високо, Превисоко, До патецот над челото на Мајка, На разделот на косите нејни Што сега ги плетам Сам во самица Самувајќи.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Толку е блиску тоа како млекото на лулката на несвенатата на глината на одрината на бреговите на светлоста Огрева таа и темнината од рамената од морните ја истава Во јасен час ги врзува со стреата со татковата кон изгревот загледана кон огништето на сонуваното време надежите пробудени што ги прибира во зимата на долгата ноќ
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
„Не. Затоа и го оставив.“ Еднаш еден колега го праша намигнувајќи кон другите: „Иване, каков вкус има млекото на кобилата?“ „Која кобила?“ прибрано праша „Една“, чу. „Една од некогашните брачни јасли.“ Ги стисна забите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не, овој кентаур со мајчино млеко на брадата, мисли дека знае сѐ за мене, откриваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Старец го крши надве лебот Во лебот мирис на млеко на доилка Легната среде јачменот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе се родеше едно смрзнато дете, ќе ја побараше смрзнатата цицка на мајка си и, со мајчиното млекце на устето, му ја предаваше смрзнатата душа на Господа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа беше темнолилава и слична на сите сенки а тој копнееше по влажно зеленило какво што е мовлестата облека на шумските стебла - зеленило смекнато од сочното млеко на земјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сум се нишал од млекото на ѕвездите како сега, забрзан во зик-зак кон својот пад, секогаш ноќе во секоја крчма.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ можел да се заколнеш дека од првото исправање на нозе и со неисушена капка мајчинско млеко на усните се вежбал само за една одбрана и за еден ден, за тоа смирување на попладнето исполнето со топлина и со брчење на златни бубачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само за миг пред острицата на долгата сабја да падне врз него се фрлил во скок кон коњот и ги зграпчил уздите. Го избегнал нападот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сенките во собата како да ми се забуцуваа в месо, како да беа запци на стапици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многу години пред да го напише „Мојсеј и монотеизмот”, брат ми со мајчиното млеко ја вцица и горкоста на изгонетите од земја во земја, на проколнатите заради различната религија и различното потекло, на горените на клада заради тоа што оние другите, кои се сметале за правоверни, со векови лажно ги обвинувале дека фрлале отров во бунарите, дека предизвикувале чума, дека правеле договори со ѓаволот; уште со млекото на нашата мајка тој го имаше примено во себе тој горчлив вкус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајките од смртната прегратка ги извлекуваа своите рожби со млекото на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сакавме да земеме многу храна, па со козите да се скриеме во блиската планина со пештери, да живееме едно време од млекото на козите па, кога ќе се смират работите, да се вратиме во градот, кога ќе се врати и слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но во градот, за среќа, течеше и белата благородна крв, наспроти злата крв на сите разлики, млекото на козите која зближуваше луѓе од различни националности, вери, социјално потекло.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Започнува да извира млеко на планината од непознат извор.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Млекото на козите во тие тешки волчји времиња стануваше еликсир на солидарноста, а и формулата на неговиот состав не можеа да ја утврдат никакви партиски документи и планови за изградба на новиот човек.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И, во романот, на крајот од краиштата, ток­му митскиот и реалниот пролетер ќе биде во право во однос на другите слоеви на населението кое не можеше лесно да се лиши од млекото на овие кози, односно имаше потреба од овие вистински, реални кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие, вистина се противеа, не сакаа или не смееја во принцип да чуваат кози, но нивните деца и семејствата не можеа без млекото на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За среќа, еден од соседите, по цена на сопствениот живот, длабоко во визбата, преку ископан тунел, во една мала просторија, чуваше една санска, многу млечна коза, па секојдневно ни даваше по една чаша млеко, со кое Мајка му го заменуваше своето млеко на најмалото братче.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше докажани научни тврдења дека млекото на козата, според својот состав, најблиско е до млекото на мајката - доилка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И почна Димче Волшебникот да прави планови: прво, - едно утро ќе им го згорчи млекото на сите деца во градот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)