младич (имн.) - има (гл.)

Оној младич имаше толку остри зборови, со нешто толку волшебно во нив, што само по неколку вечери можеше да го раскопа пред Змејковите очи сиот мраз, во кој беше стегнат тој живот околу него, а за кој Змејко ниеднаш не бил во состојба ни да помисли дека можел да биде и така соголен, разглобен и покажан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другарите го задржуваа, и тоа не беше необично, да не ги тресеше музиката прозорските окна а сепак се слушаше што овој младич има недодржлива потреба да изрази.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Генијалниот“ младич има црти на Хамлет.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)