Напомени 1 Ова е верзија на предавањето одржано во Домот на младината во Белград, на 26. 2. 1997., во рамките на циклусот „Апокалипсата и илузијата на крајот”. 2 И веројатно треба да се додаде: and I feel fine. 3 Нпр. Henrietta L. Moore, Feminism and Anthropology, Polity Press, Cambridge, 1988, стр. 188. 4 Eco, Umberto, Does counter-culture exist?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ако среќавањето пред тој јунски ден, во јануари на таа година, со пламените стихови на „Очи“ и „Љубов“ говорени од Ацо Шопов на конгресот на македонската младина во скопскиот офицерски дом беше сето во егзалтацијата и патосот на големото славје на слободата и во првата фасцинација со убавината на ослободениот македонски јазик, доживувањето на Рациновите елегични, чемерни стихови на болката и убавината на неговата Балада, се откриваше како трагично идентификација на самиот Рацин, во смртта, во онаа „кара смрт“, со непознатиот војник од една друга војна, - Големата, „световната“ - идентификација што ги исполнуваше и обединуваше луѓето во заедничка тага.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
А само ден потоа, еден дел од силите на НОВ на Македонија стационирани во Скопје а потоа и во Штип, најотворено се спротиставија на учеството на македонските единици на Сремскиот фронт исфрлајки ја паролата “За Солун”.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На Конгресот се расправало за учеството на македонската младина во обновата на земјата и посебно за учеството во конечното ослободување на Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)