Имено, лигатурата Glagolska ligatura na imeto ИС се формира од два круга - симболи на Божествената na Isus so malo grafi~ko poednostavuvawe сеприсутност и два триаголника - симболи на Светата Троица, што можеби не е случајна појава и наведува на мисла дека нејзиниот творец бил црковно лице.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Симбол Интересна е симболиката на името на Исус, напишано со глаголица и во онаа скратена форма, каква што е во употреба во црквата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Татко ми потем се потсетуваше на општата мисла дека, по победата над фашизмот, партијата, според старите модели на Француската револуција што ги презедоа и осиромашија протагонистите на Октомвриската револуција, мораше да смета дека на Балканот, по петвековното отоманско владеење, класната борба ќе заврши како нешто сосем друго.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ме кочи мислата дека сѐ што сакам да напишам во мојата повест која упорно ми се опира, не се дава, е можеби веќе кажано, всушност скепсата дека не би кажал ништо ново што светот не го знае и не го искусил веќе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Набрзо потоа ме утеши, а дури и ме зарадува мислата дека сигурно имала бурна ноќ, за која подоцна со нетрпение ќе ми раскажува, па утрово се вратила во својата драга постела, да го досонува остатокот од животот ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ден-два пред да ја сместиме во болница, во еден миг ми прелета мислата дека ако мајка ми умре ќе ми биде толку многу жал што нема да можам да издржам...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Луѓето во Париз, оние обичните, со кои тука се среќавав, беа окупирани од мислата дека ќе има мир во Виетнам...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ако не ги видев Ардените, Белгија сигурно ќе ја напуштев со мислата дека тоа е рамничарска земја, која е ишарана само со ливади и во која гледав како на нив пасат сортни крави.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Треба многу да го мачеше мислата дека еден дрслив Сандре кметува, а тој - роден да воспостави ред и да и создаде авторитет на власта - станува пренебрегнат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не е чудо еден ден да му стане таа животна другарка на еден од двајцава млади труженици на палетата, доколку тој ќе си ја затврди мислата дека во неа нашол суштество што ќе го разбира и што ќе знае вистински да го цени неговиот талент.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Некако неусетно во него се зароди една мисла дека сепак тој не без кривица, не на права бога, беше забран и биен, дека власта не е толку глупа да гледа во него само проста овчичка што мирно си пасе, ами може да му поднаѕре и во душата, да сети оти во него се крие нешто подозрително и дури опасно за неа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тогш неизоставно во душите ќе им заклокотат далгите на Нева.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И баш тогаш во соседството Езра Паунд ќе проломоти нешто против Евреите и ќе им ја расипе таинствената размена на стихови и ноти КАФЕ ФЛОРИАН: БАЈРОН И КЕЛНЕРОТ СО КРАСАТИ УШИ знам, сум читал некаде, дека бајрон на времето измислувал разни легенди за мостот на воздишките и за други чуда во венеција диванејќи баш во кафето глориан, по него, еве, со години се влечкаат талкачи од цел свет мислејќи дека легендите, ако се од бајрон, не умираат, мислејќи, исто така, дека е крајно време на терасата на кафето флориан да се одржи оснивачки конгрес на талкачката интернационала - талкачи од сите земји распрснете се низ светот да ечи на конгресот на талкачите да ечи да ечи додека гулабите масовно не запавтаат со крилјата во знак на протест што талкачите не оставаат ништо за колвање а и додека на самите талкачи не им се спуштат венецијанерите пред очи кога келнерите ќе ги донесат сметките. знам, сум читал и други нешта за кафето флориан, разни бајки и разни истории има за него и за ланскиот снег во венеција, во разни извори на завидливост, тегобност и несигурност се брчкаат талкачите пред кафето флориан, мене ми е редот за редовната доза сладолед, а време е да се испопраќаат и смс пораките, па прецизно да се види на мапата во мобилниот телефон уште колку останало да се талка - наеднаш, не баш неочекувано си се насмеав во себе, онака за свој грош, фаќајќи се во мисла дека ќе му ги истегнам красатите уши на келнерот во флориан кога ќе ја донесе сметката и кога ќе почне да ми бандори за лековитите својства на киселините од изметот на гулабите, отшто во измет од гулаби се сплеснувале сите теории и благородни идеи на талкачите од бајрон наваму
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Нѐ наведува ли на мислата дека тој и таков бакнеж е престапен, недозволен бакнеж на кој, од друга страна на значењето, пак, толку долго се чекало?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Самата мисла дека на ова столче седеше Адем, Толета уште повеќе го разлути и почна да подрипнува од него, небарем на магарешки трње седна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вооружен со цврста решеност, потпрен врз мислата дека мора да издржи, се упати кон плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Завивањето веќе не се повтори, па му се зачна мисла дека волците можеби се повлекле и залудно ги чека.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ми беше јасно дека Луција не ме избрала мене за оној кој прв ќе има можност да го види раѓањето токму на тоа движење; јас знаев дека тоа движење на Луција не е и мое, и сакав ние да имаме само наше движење, и не сакав да учествувам во тоа, како што е природно љубовникот на една жена да не сака да ги носи пиџамите на нејзиниот претходен љубовник; ме излудуваше мислата дека таа дури сега ме допушта во себе, откако стекнала извесна предност во искуството со мене, откако го научила тоа движење и сега ете, ми го покажува, како што се покажува нов автомобил на некој кој нема никаков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас го прекинав: - Мислите дека можело да се случи сѐ да било поттикнато од желбата на мајка ми, а тој, командантот се нашол затечен, или му недостасувале сили и умеење да ја избегне нејзината натрапливост?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Почна да му се врти во глава мислата дека освен за дијамантот, старецот ќе го искористи и за други работи, за гатање судбини на други луѓе, од гатање може многу да се добие!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И веќе знаевме дека од таму се влечеа други камиони полни со ранети и ние пак застанати скраја од џадето, ги чекавме со искра надеж која ни ја поткрепуваше добрата мисла дека нешто ќе слушнеме за нашите најмили.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не ми беше доволна за смирување на совеста онаа кукавичка мисла дека таа сигурно ме оправдува пред себе, затоа што знаев дека мисли дека тоа што не ми прозборела на онаа средба ме преплашило, ме пресекло, знаев дека не помислува дека посилна од мојата преплашеност од нејзиниот молк и од нејзината скаменетост, требаше да биде мојата должност да ја посетам пак, да ја прашам како е, да слушнам дали тогаш можеби нешто сака да каже, или и натаму се задушува во молчењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Полноќта беше поминала кога вратата крцна, и Клара влезе во спалната на моите родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Младич со таква дарба во општеството е потребен како чинела во оркестарот, сама по себе таа не значи ништо, но штом треба да се дигне бука, таа е незаменлива.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
7. Чувај се да не бидеш скромен инаку ќе наведеш на мисла дека нема што да речеш, а тоа е голем недостаток.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И првата мисла дека тој се шегува. И моментот, кога мораше да поверува. Та Претседателот имаше здрава куќа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Та единствениот празник во сето она негово глуво чекање беше мислата дека го имаше спасено токму тој малечок живот и тој сега, последната негова утрина во Белата Долина, во оваа дивина наоколу, никако не можеше ни да помисли да го оскверни тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ѓорѓе замина во Белград со мисла дека Рада ќе му се врати по завршувањето на испитната сесија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го парна мислата дека она што тукушто исчезна не е јава туку сон, толку наметлив и привлечен сон.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Очајната мисла дека е немоќен сега, дека се она што го правеше силен и горд пред другите сега се изменило во обичен страв за самиот себе, страв дека таа сила не била и нема да биде повеќе!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Немам сомнеж дека оние што ќе дојдат на сеанса од кај мене ќе заминат со мисла дека не им е погодено.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Целата таа ноќ не заспа. Само што ќе го навалеше дремка, едни те исти мисли дека згреши што се обложи, дека згреши што го спомена стрика Анѓела, дека којзнае што ќе излезе сега од сето тоа, дека кога ќе дознаат за тоа Максим и Костадин Дамчески крај нема да му има на срамењето, го штрекнуваа и го седнуваа во постелата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Постојано ми иде мислата дека човекот смрди на земја, ќе смрди и во земјата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Набрзина од својата глава ја избрка мислата дека тоа не значи дека Дарко не е посинет на некој друг дел од телото и дека тоа воопшто не му е никаква гаранција дека не го малтретираат во логорот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Дури сега, додека го пишувам ова, се сетив дека никогаш не го дознав неговото вистинско име, зашто во Барселона го знаевме само под неговиот уметнички псевдоним: Сатурн Волшебникот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На последниот настап веќе не можеше да ја потисне вознемирувачката мисла дека нешто ѝ се случило.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Играта ја достигнува својата кулминација кога едно џиновско чудовиште го 81 напаѓа мојот град.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Секогаш треба да си спремен за чудовишта во животот“, запишувам со мисла дека сум направил навистина прониклива забелешка.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Мислата дека има во градов човек како тебе, толку посветен на книгите, не ми даваше мира, од преголемата желба да ја видам твојата библиотека! започна прв Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во еден период дојде до мислата дека во крајна линија самиот човек е лавиринт и излезот мора да биде во него самиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потоа го обземаше мислата дека самиот човеков дух може да биде лавиринт во кој секој може да се изгуби, не успевајќи да го најде излезот, доколку не верува во крајниот силен извор на светлината.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се сеќавав на татковата мисла дека крајот на една библиотека е крајот на историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И не случајно, на брегот на Езерото, во Струга, близу границата која некогаш ја минавме, татковите книги го остваруваа вториот живот низ моите занесни читања.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Имам право да истражувам зошто сме дојдени на овој свет, на оваа планета, каква е смислата на нашето раѓање, растење, минување низ најразлични маки и тешкотии, влегување во брак, повторно раѓање на децата кои минуваат низ исто толку маки, учење на разни вештини, желби за осознавање на светот и сѐ со мисла дека утре ќе бидеме среќни, а потоа губење на истите тие способности во староста и на крај умирање, исчезнување.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
На Винстон му пролета низ главата мисла дека веројатно би можел сосем лесно да се изнајми собата за неколку долари неделно, само кога би се осмелил да ризикува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Низ умот дури му помина мислата дека таа е можеби агент на Полицијата на мислите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Марија уште не можеше да се соживее со мислата дека Хелвиг дефинитивно се разведува од неа. Дека Карл и таа остануваат сами.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Од друга страна се држеа за својата мисла дека децата ќе им требаат за работа и по чифлизите кога ќе пораснат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Да оди Стојан да ја бара, си помислуваа Трајко и Велика, но веднаш се сретнуваа со мислата дека и него можат да го фатат и да го пленат, та и таа болка им се чинеше не помала од онаа за Анѓа, Ангелета и Јована.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На Петра ѝ се стиснуваше срцето од болка и од мислата дека можеби сама ќе ги враќа овие пилиштарци во Македонијана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во прво време оти се совпадна со откривањето на здрвеното тело на старецот во вагонот, таа нападите на повраќање ги поврзуваше со мислата дека можеби е најдобро да му се придружи на некаков начин на старецот оти нема да биде грев ваква изгнасена вистински да се загуби во есенските калишта.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Не заминуваа сите, некои дури не беа ни со бовчи, значи во нив има мисла дека и тука е арно, а имаше и такви што ги тупкаа нозете, ги ламкаа бовчите и посегаа по здракот на возот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сѐ мораше да си тече спонтано. Безброј пати си префрлав што не ги запишував Мајкините кажувања, немајќи тогаш ниту свест ниту мисла дека, еден ден, ќе пишувам книга за Мајка. Книга за Ервехе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога откриваше како Игор Лозински се справува со историјата, Татко добиваше аргументи за својата мисла дека историјата не ги совладува силните личности, кои успеваат по цена на силни страдања и издржливост во минатото да ја насетат оракулата на иднината.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во нововоспоственото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, се врати со веќе одредената тешка судбина сместена во матарката, но и со јасната назнака во мислата дека е избегната заканата на десеттото зрно.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Крстовица забави чекор во кој Кузе забележа страв. Ликуваше кога гледаше такви.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Крсто, стопанот нејзин, повеќе навреден отколку желен да спечалува, млада ја остави со единствениот син и замина за Америка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И, колку повеќе слуша плачење и редење, толку повеќе чувствува дека треба да рече збор, да допре нечија рака со единствена мисла дека ќе ја олесни и својата и туѓата болка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го заобиколи трњакот и влезе во питомината на која до пред една недела, изгледа, не беше ожнеана пченицата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Опоен мирис на бели хризантеми и допир со сонот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Затворена во четири ѕида со една слика и со свеќа која полека догорува и ме заспива со мисла дека ова беше само илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Со желба повеќе да сакаме и мисла дека пак ќе се вратиме на старото за нас свето место.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Нема крај првиот плач кои не надои со живот, нема да има крај ни последната воздишка која ќе ни ја покаже смрта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ќе си дозволам уникатниот статус на Твојата книжевна (фикционална) хероина да го дефинирам сосема поедноставено и да кажам дека таа е различна затоа што не доаѓа од некој реален, банален, жителски секојдневен свет контекст, туку се појавува директно од оној заумен и сосема бартовски имагинариј, оној сооднос на јазикот, сликата и гестот, кој вели книжевната теорија понекогаш, кога ќе го допре некоја моќна авторска рака, умее да се опредмети и како знаковното ткаење што потоа го именуваме како текст.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На Твојата машка натура навистина $ требаше многу време (неколку години!) сосема да го разбере, а потоа и да го прифати она што Твојата луцидна пријателка постојано го преповторува:
Посебните врски што јас ги одржувам со вашите книги ме водат до мисла дека за тоа што ме учат за вас е бескрајно подлабоко и побитно отколку с што би можеле вие да ми раскажете.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со надеж дека повторно ќе Те читам во ваква сјајна форма, и тоа набргу, Ти посакувам с најдобро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Погледна и на Велика. Ги гледа и ѝ се чини дека врз нивните образи ту отсјајува радост, ту тага, ту болка и неотстаплива е мислата дека кај сите блика некакво задоволство затоа што и денес тука пак се сите заедно - здрави и неповрдени.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога Фаик Коница кон крајот на 1942 година ја насетуваше блиската смрт му се обрати со молба: „Го напуштам животот со мисла дека од сите само Вие можевте вистински да ме разберете во оваа земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Зарем овој уште незавршен сон од детството од крајот на четириесеттите години, кога како кревки деца заспивавме со мислата дека Сталин е можеби – пред врата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Требаше зрело, вдлабено да се толкува татковата дискретна и скептична мисла дека не беше време за враќање во Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сигурно и насмеаната тетка (Леле колку личи на тетка Евдокија од Прилеп!) седи на столчето пред порта и одеднаш ѝ се раѓа и мислата дека само овде нема признато, нема влезено во дворчето, нема проговорено со насмеаната тетка!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- И не само килимите што летаат, туку има уште многу нешта за кои вие, западњаците, мислите дека не постојат, дека се само плод на фантазија, а ние, од источните цивилизации, знаеме дека не е така.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)