Острината на чувствата и мислите сѐ повеќе ги губат своите граници, ги затапуваат своите рабови, потонуваат едно во друго во една неодреденост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ја копкаше мислата сѐ до денес. Ја копкаше мислата за содржината во него, но беше истрајна во ветувањето што ѝ го беше дала на Јана, нејзината сакана тетка иако на неколку пати беше во искушение.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Постојано ме придружуваше во мислите сѐ додека се најдов да живеам во самата Картагина, крај нејзините урнатини, недалеку од претседателската палата на Хабиб Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)