мисла (имн.) - од (предл.)

Коледарите првин онемеа, па сите се удавија во нејзиниот поглед, а има и такви кои до века ќе си ја сладат мислата од насмевката на рајските јаболка под прозрачната свила.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Кант почна со критиката на бессилноста на францускиот механички материјализам со тоа што ја оддели мислата од материјата.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Климент Камилски, иако добро знаеше дека Татко пренесува мисли од книги за смислата на постоењето или непостоењето на турските заемки во балканските јазици, со кои како да сакаше да ја релативизира нивната акција, остануваше упорен на своите аргументи да ја продолжат мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Виде отец Иларион дека љубовната болка силно ѝ ја разнебитила душата, ја разорила, и ѝ читаше молитви за да ја успокои, да ја оттргне од депресијата, за да може да се совземе, да ги оттргне мислите од тоа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ова мало суштество што до пред десетина минути не постоеше, му ги одвлече мислите од секојдневноста, го вовлече во оној чуден, магловит свет на слики и претстави што можат да се создадат само во мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Напротив, Маркоска, жестоко (уште една конотација со терминот Естуизам) ги сопоставува во својата поезија елементите на прочитаното и доживеаното и навидум детски, наивно, поентира во манир на Зен-мајстор, со своите чудни и на моменти апсурдни разрешници на така строго (метрички) „излеаните ” форми импрегнирани со лирски патос, но со саркастична глазура, за оние кои го гледаат само одблесокот на мислата од семантичкиот габарит на „направеното”...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ја напади мислата од својата глава со друга мисла Зар малкумина од луѓето личат еден на друг? и продолжи да си работи слушајќи како и внатре, во бараката, се работи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Татко ми, по овие зборови, ја оттргна мислата од книгата, ги спушти очилата и присобра сили да ја смири мајка ми, која не се сеќаваше кога ја видел во ваква расположба, па рече: – За утре ми ветија вреќа брашно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Си мислам, а не знам која мисла од каде ми се пријавува, од каде ми се прикажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Скандалозното поимање на пишувањето, кое ги нагризува самите темели на наша­та мисла од филологијата до семиологијата, опстојува во она што Дерида го нарекува текстуалност, неговата теорија на пишувањето како систем од придодавки кои се разликуваат едни од други а притоа взаемно не се укинуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На мошне заобиколен начин Дерида како да навестува дека странската, источна митологија внесена во Федар вопшто не е странска, туку е составен дел од Платоновиот сопствен дискурс - значајна придодавка, би се рекло, која треба да се смести вон, а всушност припаѓа внатре.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)