мисла (имн.) - тоа (зам.)

Тоа изгледаше исто онака вретенесто и далечно, како што изгледаат рибите во матната вода, а тој никогаш не стаса да го дофати ни со мислите тоа меркање, што изгинуваше наеднаш, за да се појави пак на она место, каде што најмалку го очекувал, и во оној миг од разресената лента на сознанието, каде што најмалку можеше да го осмисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лошо претчувство внесе во неговите мисли тоа ноќно биење на камбаната. - На умрено бие - рече и забрзано зачекори.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)