мисла (имн.) - има (гл.)

Нејзината мисла имаше во себе порака, или поточно тоа беше повеќе лелек на нејзината душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не е важно какви благородни мисли има во твојата глава, или во каква деликатна ситуација се наоѓаш, некои отрови треба да се исфрлаат од телото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сеедно - господарел: неговиот свет, оној до кој му допирала мислата имал свој поредок и свое безредие што тој го создал, и никој веќе не смеел да најавува свои закони и да бара правдина поинаква од онаа под чија сенка живеел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)