93 Следните десет дена шефовите на британските воени мисии ги поминале во разговор со Светозар Вукмановиќ - Темпо, Бојан Б`лгаранов и Венко Марковски.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
По преминувањето на патот Валандово-Струмица биле заробени единаесет бугарски камиони при што биле заробени и акумулатори кои британската воена мисија ги употребила за работа на радиоопремата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Според извештајот раководството на ЕЛАС го имал “Титово уверување дека неговата независна Македонија не ја вклучува грчка Македонија“.346 За сите информации кои британските воени мисии ги барале во однос на Македонија од своите претпоставени се нагласувало дека “владата на Неговото Височество не може да заземе каков било став за македонското прашање сé до после победата“ и дека британските мисии за врска на ова прашање мора да му пристапат со посебно внимание.347 Членовите на британските воени мисии, и покрај нивните настојувања и препораки од повисоките инстанци, не можеле да останат надвор од политичките инволвирања во однос на иднината на односите меѓу Македонците и Грците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)