Таа знаеше дека тој мирис ме опијанува (често велеше, ми шепотеше: „нема ливада, нема градина, нема планина што ќе те замае како, како, како…“ и со таква увереност со прстите од двете раце се шеташе низ мојата коса, ми ја расчепкуваше и ми ја мазнеше, а потоа ги спушташе дланките под раскопчаната кошула, фаќајќи ме за раменици и притискајќи ме во себе.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Одевме и јас во носниците го чувствував познатиот, за мене речиси анестетички мирис на лакот за железнички прагови; од детството тој мирис ме возбудувал, ми носел возбуда како да сум пред голем и непознат пат, ми ги опивал сетилата и ми создавал раскошни визии.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)