О каков мир за речите на проклетства  и спокојство за жалните и скрбни молби.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Тогаш сите национални и религиозни пропаганди, коишто го цепеа народот на разни групи, непријателски една кон друга, ќе се отстранат и ќе настапи мир за народот, за Македонија, за Турција и за Европа.
               
             
           
            
            
              „За македонцките работи“
               од Крсте Петков Мисирков 
              (1903)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ги нашле, како кажуваше, Ибраим Ибраим, в зори или подоцна, по една спогодба на завојуваните за кус мир за кое време ќе се соберат мртвите и ранетите; подоцна, по некоја година, еден човек без нога, ќе се потпира на патерици и на слеп човек, катадневно да седат обајцата во чајџилницата на некој Тефик Рамо, човек со задув и срдечен кон секој кој што, дури и првпат, дошол кај него на чај или кафе.
               
             
           
            
            
              „Забранета одаја“
               од Славко Јаневски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Нека овој наш краток разговор биде повод за подолго размислување и настојување да всадиме кај сите луѓе во светот желба за среќа, еднаквост, радост и мир. Мир за сите!
               
             
           
            
            
              „Добри мои, добар ден“
               од Глигор Поповски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Царот Јуан не се ни помрдна. Го гледаше Големиот Ѕид како исчезнува во оддалечените, замаглени  ридови; таа величествена змија од камен што се извива долж целата земја, тој моќен ѕид што од дамнешни  времиња ги штити од непријателските орди и им го осигурува мирот за неброени години.
               
             
           
            
            
              „Лек против меланхолија“
               од Реј Бредбери 
              (1994)