Сите погани работи околу полноќ се случуваат, си помислува и го вади часовникот од џебот на елекот - скоро ќе биде полноќ, уште само неколку минути, а значи ли тоа дека само по неколку минути ќе се обистинат кобењата на лишките?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Додека има во Македонија почва за национални пропаганди, додека не се отстранат причините туѓите држави да имаат во Македонија повеќе влијание од самата Турција, до тогаш Турција ќе има само расход во Македонија, а не ќе има од неа никаква полза, до тогаш секоја минута ќе треба да се плаши да не ја загуби Македонија; а ако се признае официјално оти во Македонија нема неколку словенски народности, ами има само една одделна, ни бугарска ни српска, и ако се оддели Македонија во самостојна архиепископија, наеднаш Турција ќе се ослободи од мешањето во македонските работи од сите 3 соседни држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Додека траела операцијата, пред да го направи решавачкиот зафат, му рекол на болниот дека само по една минута ќе престанат да му се тресат рацете. И така станало.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не, „само една минута ќе останам“ - си рече дајреџијата и посегна кон вратата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
За неколку минути ќе бидам во Западот, затоа ти се јавив.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Питон: Можеме да бидеме сигурни дека за десет минути ќе бидат овде.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
За шест минути ќе настапи полноќ. ќе дојде нова бројна вредност на листата освоени години, па векови, па милениуми.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
„Уште колку минути ќе се вратиш, мамо?“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Според Симеонов (и Силјанов), Орце, откако го запалил долгиот фитил, избегал од бакалницата и истрчал кон вториот кат на Банката, каде што живееле директорот со своето семејство, за да го предупреди веднаш да ја напушти зградата, бидејќи таа по пет минути ќе биде дигната во воздух.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ти, Љуба, не возбудувај се, по десет минути ќе бидам дома.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
50. „Давам десет долари дека во следните четири минути ќе си ја расканташ тикварката!“
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Наутро ќе отидев на гумното, имавме плевна и таму едно десет минути ќе одремев и кога ќе ме прашаше каде сум била, ќе им речев кај плевната бев по нужда, па ќе продолжев да влачам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Од благодарност, секогаш штом една минутка ќе немаше своја работа, ќе одеше кај некого од селаните да го праша дали нема да му сработи нешто.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)