Раѓањето на Снежанка беше еден силен повод за затрчување во тој свет на непознатото и таинственото, па Бојан, и покрај желбата да биде попрактичен, долги минути остана покрај овцата и јагнето, поставувајќи си во мислите стотици прашања на кои не им го знаеше одговорот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Очите на змијата, како скапоцени камења, без очни капаци, што не трепкаа и хипнотизираа, неколку минути останаа фиксирани на Милана, а потоа полека мекото тело почна да се одмоткува и да се лизга меѓу ластарите за да исчезне на другата страна во џунглата од растенијата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)