Додека постапно но незапирно, конечно не се смири - раката му падна од силниот стисок на синот, црнките од очите му се превтеа и запреа некаде во небото, белките му останаа закопани во земјата, а тој здрвен на миндерот во клада штотуку исечена од шумата и донесена да се исуши до огништето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По краиштата на подиумот, на трите страни без ѕидот со каминот, крена миндери во козина колку за дузина гости, а на средето положи ниска софра од родната куќа, веќе фрлена во неупотребливи предмети, а сега светната со фирнајс, колку за да ја покаже староста, толку и трајноста на дрвото.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тие сакаа да го однесат барем во кујната ако не во спалната, но Гого настојуваше да го спружат на миндерот во ателјето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)