На сите страни, дури до небо, се издигнувале белите високи минариња на џамиите. На нив се качувале оџите и ги викале верниците на молитва.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тогаш се слушна езанот од минарето на џамијата. Беше време за оглен намази и кајмакамот го прекина зборувањето со ибн Бајко, и со очи замаглени и отсутни, се струполи да се клања врз сеџадето што го одвитка и посла.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Вистина, новиот Музафер-ага се вдаде да отвори уста, но таа и во тоа го претече:
Рече:
„Минарето да биде пониско од другите минариња на скопските џамии”.
Мајстор Хусеин се зачуди:
„Зошто?“, праша.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Точно на пладне сѐ огласи оџата од минарето на блиската џамија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Како и секојпат, така и една вечер, во една од тие големи кафеани беа се насобрале повидните бегови, аги и други Турци.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)