Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Големо газебо со викторијански стубови, милион цвеќиња, идеално потшишана зелена трева, алпинетум со фонтана, грандиозна скара...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)