милион (имн.) - варијанта (имн.)

„Така понекогаш ни се чини дека човештвото од првиот блесок на свеста, низ векови си ја прикажува, во милиони варијанти, наспоредно со здивот на своите гради и со ритамот на својот пулс, постојано истата приказна“, вели Иво Андриќ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа што „јас, сепак, на сè гледам како на поезија“, ќе рече авторот на самиот крај од книгата, зашто неговата душа свикнала стварноста на постоењето да остане негибната, да има тој со што да се бори, а не да биде доведена во прашање така што ќе биде променета и преобразена, во „милион варијанти“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Некаде, некогаш, од некого, бев прочитал и запаметил дека човештвото низ вековите во милион варијанти раскажува ист расказ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој ги собирал „шарките и белезите од животот... закачени и виснати како избледени панделки и крпчиња по глоговите, по плотовите“ - речено со зборовите на баба Ристосија од Горно Село - но паралелно со тоа трагал по онаа единствена заедничка приказна на човештвото со која и ја отвора својата книга: „Некаде, некогаш, од некого, бев прочитал и запаметил дека човештвото низ вековите во милион варијанти раскажува ист расказ“ - гласи првата реченица од првиот расказ на книгава (Ноќта спроти Свети Никола).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)