миење (имн.) - на (предл.)

Следеше генерално миење на нозе, раце, лице и заби со многу студената вода.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа таму му годеше: ја оставаш колата, влегуваш во барот на едно кафе, го испиваш, ги плаќаш и кафето и миењето на колата, а потоа стануваш и си заминуваш во измиена и исчистена кола. И однадвор и одвнатре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Им ја покажа слика од својот тримесечен син и отиде на мијалникот, каде се зафати со миење на чаши. - Како си Алек? Се спремате за јубилејот?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Бошковица, која ѝ помагаше на снаата во миењето на чиниите од вечерата, му се приближи и го праша: - Бошко, да го запретам огнот?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)