миграција (имн.) - на (предл.)

Крајната цел на неговата потрага, на неговата лична Еурека, остануваше да го открие можното согласие во патиштата човекови и патиштата на миграциите на сите други суштества.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега е времето кога туните во јата минуваат крај Сиди Сауд, на педесетина километри од Тунис...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога одбираше кои книги ќе ги земе, покрај постојаните, пред заминувањето со вовчето, Татко ги зеде и списите за миграциите на јагулите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Макар што бев силно внесен во лектирата за миграциските движења на птиците, рибите, посебно јагулите, миграцијата на туната низ морињата и океаните на светот, ми беше помалку позната, а за ловот матанѕа слушав за првпат. Се согласив да појдам на овој лов...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидуваше Татко, продолжувајќи ја играта со патот на јагулите во мислите, преку инстинктивната миграција на птиците, да дојде до вистини за селидбите на луѓето, на народите, на своето семејство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)