За Авни, во миговите додека го пишуваше писмото до Сања, за да ѝ каже дека ја сака и дека секогаш ќе ја сака, беше сосема јасно оти влетал како граблива птица во час на вознес на еден посебен свет за кој не може да тврди разумски, но за кој во неговите гради се собираше клопче со разнобојни конци од чувства изврзани за тоа суштество што под неговата сила истовремено испушташе глас на зрела жена што раѓа и глас на штотуку родено дете.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таа мораше и него да го внесе во сопствената судбина веќе разоткриена пред мајката Перса и сигурно сега е вистинскиот миг додека уште престојува во нејзината глава.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во миговите додека ѝ честитаа за наградата, Рада само со крајот на окото успеа да го фати профилот на господинот што седеше до младата дама. Профилот и ништо друго.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)