миг (имн.) - кој (зам.)

Мигот вечност Да одам, или да застанам на работ на желбата... на работ на мислата за случајноста, за еден миг кој е вечност за мене и за тебе..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Имињата постоеја во нивната сегашност, миг кој се случуваше само сега и никогаш другпат.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Само еднаш без страв го земав клучот, отклучив и влегов преку прагот во непознатиот свет и ја откчлучив тајната, невидливото беше видливо, болката се претвори во радост, меланхолијата се претвори во надеж, таму се раѓа животот, универзумот уште еднаш ме прегрна, краток миг кој се претвора во вечност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зборот „некогаш“ е надеж дека пак ќе ја сретнеме загубената љубов, со истиот жар што сите го носиме, пламенот на љубовта кој секогаш во нас гори во симбиозата на вечната опачина на болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Но тоа беа само ретки мигови кои настапуваа кога Луција беше задоволна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Миг кој траеше вечно, но кој мина побрзо од летот на една ѕвезда...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога веќе решив да ви раскажувам за Исак, Кејтеновиот син, би имал толку убави, нежни и незаборавни спомени, толку чисти и светли мигови кои не верувам дека некогаш можеда се заборават.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тие мигови кои ги минуваше со синот во очите на таа жена имаше чудесна живост, и во старечките усни кои говореа, и во движењата на онаа рака која не почиваше на раката на синот, туку нежно и весело мафташе во воздухот, следејќи ја интонацијата на зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледаше во својот син, и како да гледаше во лице подеднакво живо какво што беше нејзиното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беа мигови кои потсетуваа на полнотата на животот поради кои вредеше да се продолжи желбата за живеење, која постепено ја напушташе Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)