- Не, јас веќе никому не ќе пуштам крв, рекол со напнат глас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беше збунет, не знаеше што да рече и неговите темнокафени очи за миг погледнаа во нејзините, но тој миг беше битен.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Тој пак се сврти. Само за миг погледна на колоната и рече: - Ете, гледате нешто од... како да ви кажам... од реалноста, ама овој збор не знам да ви го објаснам попростачки, Запамтете го - зборот реалност тоа е тоа што гледате сега...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Можеби за миг погледнал во избраникот на игуменијата Минадора и можеби видел дека тој е третиот што ќе му помогне на качарот Никифор да ја смени скршената оска: така е, тој мајчин син бега од неволата на болниот Неделко, се прави удрен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)