меџлис (имн.) - и (сврз.)

Ама, спремен ли си да чуеш што реши овој меџлис и каков карар најде?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Откако бил примен лично од Махмуд II и лично од него одликуван со орден, добил и три царски фермани: едниот да смее да носи оружје во секое време и пред секого, вториот да седи во Покраинскиот меџлис и да го заштитува народот од сета Мијачија и од сета Деборија, и третиот, кој бил издаден лично на негово барање, да смее да подигне џамија во Лубаново и црква во Лазарополе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Смешна работа“, рече Марко. „Мехмед-паша свикал меџлис и бараат сега да се турчам, Калијо“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)