2. Поимот „еволуција” во речникот на Мисирков и на неговите истомисленици означува програма на „новото движење” што бара првин национално обединување и изградување на македонската национална свест на народот поделен од пропагандите, оневозможување на туѓинското мешање во Македонија, развивање на самостојната македонска култура, јазик и црква во рамките на Турција и под контрола на големите сили, па дури потоа полно политичко ослободување од Турција и создавање независна македонска држава што може да се вклучи и во разни видови федерации или конфедерации на Балканот или меѓу јужните Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој обичај да се вметнува хорот во разговорот на Возљубената и Возљубениот трае низ целата Песна над песните, и за мене е несфатлив, оти некаде она што го говори Хорот поминува и во дрскост, во мешање во интимата, во заповед што да се избере а што да се отфрли.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Додека има во Македонија почва за национални пропаганди, додека не се отстранат причините туѓите држави да имаат во Македонија повеќе влијание од самата Турција, до тогаш Турција ќе има само расход во Македонија, а не ќе има од неа никаква полза, до тогаш секоја минута ќе треба да се плаши да не ја загуби Македонија; а ако се признае официјално оти во Македонија нема неколку словенски народности, ами има само една одделна, ни бугарска ни српска, и ако се оддели Македонија во самостојна архиепископија, наеднаш Турција ќе се ослободи од мешањето во македонските работи од сите 3 соседни држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Загриженоста кај нив предизвикале истапите на Илперидис, претставник на грчката комунистичка партија кој ги повикувал “југословенските Македонци да се обединат во Комунистичката партија на Грција против грчката влада“ што за Британците претставувало мешање во внатрешните работи на Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Имаше генерации од иста рода кои повеќе никогаш не можеа да се видат, да знаат едни за други. Имаше и многу мешања во туѓина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)