Нашите мечти и надежи беа заменети со ветувања, со големи ветувања.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Овошјето од еден обичен плакат
го поместува тлото под душникот
го лизга ровко и несопирливо
и ве пренесува во детството
- небаре тоа е на едниот, а
вие на другиот крај
небаре сте биле еден без друг
вие, кои не сте смееле -
повторно ја доживувате возбудата
на окото и моливот
кога сте цртале гроздови, круши и јаболка
и сте го наслушнале разговорот
меѓу мечтата и раката во којашто
се влевал еросот на иднината.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Ах“, рече човекот од редот. „Еден ден ќе дојде некој со мечта и ќе ја обнови. Ви велам, запомнете ми ги зборовите. Некој со срце.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Значи, поимот „геј“ ми ја идентификува сексуалноста без да упатува на нејзината стварност во живеењето и без да се задржува на моите сексуални чувства, мечти и практики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)