мечта (имн.) - на (предл.)

На ритките над балињата со неузреаните мечти на бездомниците катаден трае збратимувањето со височините од дворот на црквата на врвот Монсерат, 3200 над морето, ветрот разнесува отчукувања на срца – вљубени срца, уморни срца, секакви срца, тука, од врвот Монсерат во Богота севезден се разлетува исчашената и искршената симетрија на живеењето а во балињата на бездомниците трепери темнината на ѕвездите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Таа потреба се должи на неколку факти: - прво, на фактот дека расказот е книжевен вид во којшто се отсликуваат моќни и заводливи слики на светот; - второ, расказот е простор на свежи и живописни слики на современиот свет, па поради тоа е актуелен и алузивен, некогаш хумористичен и ироничен; - трето, расказот како жанр, стилски и јазично, е отворен за уметничко играње со сеќавањата, со имагинацијата и со мечтата на човекот (фантастични, чудесни и лудистички раскази); - четврто, расказот е облик податлив за различни и за широки читателски популации, затоа што од една книга на добри и одбрани куси раскази не се очекува да биде прочитана одеднаш како неделива целина, туку со паузи, а од секој расказ се очекува да биде прочитан во еден здив, со читателска страст и сласт; - и конечно, расказот како книжевен вид е сензибилен на промените во општествената/културната стварност, што влијае и самиот расказ да биде променлив по форма и по значење, потем да се популаризира во нови средини и меѓу новите генерации.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се меша зеленото мастило со црвената крв: надежта отпочинува под сенката на муренката пред лутиот бој со смртта. ем молчат, ем бијдат брановите: доаѓаат нови поплави од тага за докусурување на дваесетиот век. секое листе на белата муренка им прави сенка на мечтите на сите кои умираат со гордост во погледот.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)