Му врза Јандре оглавник на гуша на попот српски и го поведе од куќа во куќа; му тропаше на една тенеќија и удирајќи го со кундакот на маликерот, му заповедаше Ајде сега, Божано, кажи како се тркала стар дедо со стара баба.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Е, него, овега, попов српски, го посака Јандре Брсако: рече кога бил на печалба таму, во Србија, видел што прават тамошните мечкари со мечките, па сега овој, попов, да видел што прави тој, Јандре, со српските четници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)