Дојдоа до местото каде што лежела, ја опколија и почнаа да тераат, да викаат, да пукаат. Го испребараа секој дел, но мечката ја немаше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тој пречекорил некоку пати натаму, а кога застанал, пак расколебан од својата несигурност, мечката ја подигнала малку главата кон своето малечко до себе, го подушила малку и чиниш му дошепнала нешто притоа, како жена, покажала кон него, малото се свртело кон човекот и како дете, испратено да послуша нешто, дошло до него, завртело неколку пати околу него, со наведнат поглед што моли, а после седнало малку подалечку и го гледало, сосема исто како расплакано дете, дури така и бришејќи си ги солзите од своето лице со големите питоми шепи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)