И мечката го сети тоа. Таа првин како да се ребреше од новиот истрел, што го очекуваше, онака свртена и безмалу совладана, а кога истрелот не доаѓаше, таа прво си се врати на својата дира, со крвта, што ѝ се сливаше по снегот, а така вратена, таа како да се најде повторно себеси затрчана и веднаш продолжи кон него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мечката го хранела брадосаниот никаквец и натрапник престрашен и за ѓаволот, му носела големи гранки со оскоруши, грмушки со дренки и искорнати гнили стебла со мед во утробата. Тогаш можеби била и скотна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Старата мечка го продолжила својот писок, безнадежен и проклет, човекот сега речиси можел да ги види и нејзините солзи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа љубов, значи, почнала во една пролетна мугра.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога наближија и терачите каде што лаеја кучињата и почнаа поначесто да пукаат и да викаат, мечката го напушти леглото и зафати да се пробива низ честакот кршејќи гранчиња при трчањето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)