Овозможувајќи му на хирургот да биде таму каде што не е, телеприсуството е, така да се каже, меч со две острици.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се фатив за некој исушен корен и притаено гледав тие црни сеништа стапка по стапка како ми се приближуваат вртејќи се околу себе, скокајќи кон ѕвездите, гребејќи и нуркајќи в земи, сѐ дури одново тоа грозно завивање не ми го скрши сонот и ме разбуди со меч со кој на крајот замавнав и на себеси За да се најдам скаменет во прекрасна болка - Скршен меѓу усамата и раната.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Добро е да се создава, да се мечтае, велеше мудрецот, но мечтаењето е меч со две острици: многу болни на мечтаењето му го должат своето оздравување, но и многу здрави - своето разболување...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Телеприсуството им овозможува на хирурзите да изведуваат специјалистички операции на оддалечени местоположби каде што ниеден специјалист не е телесно присутен.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во меч те исковав во црвен меч со бели сечива.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)