механизам (имн.) - на (предл.)

Деперсонализацијата на композиторовата улога и самоорганизацијата на структурата имаа за цел ослободување на звуците од било чии емоции, идеи, намери, проекции, а не автоматизација на композиторовата постапка, како што често погрешно се толкуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Консултирањето со Ји Џинг за Кејџ не беше тежнение за априорно прифаќање на принципот изнесен во таа книга, туку резултат на вклопувањето на сопствените начела во механизмот на функционирање на Кинеската книга на промени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таму кадешто проблемите беа вон доменот на музиката - како, на пример, при избор на инструментите и ансамблот, каде важен момент претставува изборот на изведувачите, нивната припадност на некое од музичките здруженија и сл. - „Ји Џинг не влегува во тие проблеми“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше во состојба да ги разбереш механизмите на општеството во кое живееш, но не и неговите основни мотиви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако претпоставиме дека механизмот на процесот досега беше точно опишан, тогаш кој е мотивот за ова огромно и детализирано настојување за запирање на историјата во еден точно одреден момент ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го познаваше механизмот на часовникот до најмалото шрафче.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Механизмот на создавање псевдоним кај филмските старови е поедноставен и побизарен, бидејќи името се менува поради неговата зачестеност, тешкиот изговор или дури поради ортографските „неподобности”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И самиот присилно влезен во механизмот на жртвувањето, најден под пресијата на најсилното преобраќање во сталинистичката идеологија, имав сили и мноштво аргументи да размислувам за огромната моќ на приспособувањето на институцијата на жртвувањето во повеќе облици и спреги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Осумнаесетото лето откако почна животот, Иван, функционираше како прецизен механизам на часовник, се во одредено време: фудбал, стихови на класици, француска граматика, одмор. Беше и амбиција и умереност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Моите очи останаа живи само за ток експонат во гробницата на ненужните стари мечови и наџаци, кубури, клопотарци, икони, лажни Буди и Шиви, црковни книги, евзонски носии, светогорски бројници, сребрени пехари и фајански ламби, кандила, беговски чибуци, во тој калеидоскоп во кој вчерашното време умрело под 'рѓата на механизмите на секаквите дрвени и порцеланени часовници и го нема зад правливоста на старите огледала тоа време од кое испариле и кросниците и творците на сета излитеност. Рубина - но дали Фаин?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Непосредниот механизам на државниот удар бил покренат од Англичаните, по одлука на претседателот Винстон Черчил и Антони Идн, а сите замисли биле спроведени преку британскиот пратеник во Белград, Ричард Кембел.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Никола Жутиќ, Оп. цит, 48. 33 Информацијата се однесува на формирањето „Бугарски централен акционен комитет за Македонија“, на чело со Стефан Стефанов и Васил Хаџи Кимов, во кој дојде до израз тенденцијата за формирање независна Македонија, по примерот на Независна Држава Хрватска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Механизмот на памтењето со мака ги оживува, често беспомошен да ги поврзе и да ги одвои од случајностите, да ги предаде наполно и јасно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој беше вистински шраф на големата машинерија на механизмот на владеењето во кој јас со мојот наивен ентузијазам можев да се вклопам засекогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И околу немоќниот Тито, неговите последни генерациски пријатели кои беа делови на механизмот на владеење, како да ја гледав истата игра, истата немоќ и лажни илузии, да се спасат деловите на земјата, а да се изгуби целината, остварените вредности, понекогаш и по жестоки цени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги склопив очите и се обидов да се приберам раздвижувајќи го во себе испробаниот механизам на логиката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Понатаму, границите се механизми на државна контрола – како на оние што се внатре во нив така и на оние што се надвор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Иронијата е можна кога е постулирано присуството на некој авторитативен систем на знакови кој ја носи вистината; модерната текстуалност настанува од ирониското оддалечување од тој извор, но ако не постои магнетно поле кое би ни укажало на насоката во текстот, фрагментите слободно летаат не чувствувајќи дека се раздвоени, ниту чувствуваат носталгија по знаење која е присутна низ целата модерна традиција.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со други зборови: зарем отсуството на таквиот текст или авторитет не го дезактивира механизмот на најсеопфатниот троп во модерната традиција - иронијата?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)