Најпрво, со солидаризирањето и активното учество во штрајкот, а подоцна и преку искористувањето на сите правни механизми во остварување на своите работничките права. 1. Интервјуто го водеше Александар Ковачевски, на 2.III.2011, во Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ханка ја повлече завесата од двете страни на прозорецот, потоа ја заврза со сиџимот што се спушташе по средината на кутијата од дрвениот механизам и ја зацврсти на задниот дел од креветот, за да не се враќа назад (колку ли пати го проколнуваше тој расипан механизам во кутијата на горниот дел од прозорецот!) Седна на креветот и запали цигара.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Како дополнителен заштитен механизам во иднина умесно би било да се воведе и одредена санкција (глоба) за работодавачот доколку не го запази овој и онака предолг временски рок; б) кај видовите на договор за вработување (на неопределено и определено време) најпрво дојде до дефинирање на поимите работник на определено време – „лице со договор за вработување склучен непосредно помеѓу работодавачот и работникот, каде што истекот на договорот за вработување е определен од објективни услови и тоа доаѓањето на одреден датум, завршување на одредена задача или појавата на одреден настан“ и работник на неопределено време – „лице со договор за вработување на неопределено време“ (чл. 2 од ЗИДЗРО/ септ.10), а се додаде и нов појаснувачки став дека оној договор за вработување во кој точно не е утврдено времето за кое е склучен истиот, ќе се смета за договор за вработување на неопределено време (чл. 7 од ЗИДЗРО/септ.10); в) со измените од јануари 2012 година се предвиде дека наместо дотогашната обврска на работодавачот да го чува договорот за вработување во работните простори каде што работи работникот, по ново тој тоа треба тоа да го стори во своето седиште (чл. 2 од ЗИДЗРО/јан.12); г) содржината на договорот за вработување претрпе три измени, една позитивна, а две на штета на работникот: 18 ● со измените од септември 2010 година во чл. 28 се додаде нов став кој предвиде обврска на работодавачот во договорот за вработување да мора да вметне одредби со кои ќе го информира работникот за ризикот кој го носат работните места, за посебните стручни квалификации и познавања, како и да го информира за ризиците кои согласно законските прописи би можеле да настанат на тоа работно место (чл. 10 од ЗИДЗРО/ септ.10); ● диспозитивната норма која им даваше можност за избор на „договорните страни“ да се повикаат на закони, колективни договори и акти на работодавачот при решавање на одделни прашања, доби нова формулација со обврзувачки карактер, односно сега при решавање на овие прашања двете страни треба да се повикаат на овие акти и договори, но само онаму „каде што е соодветно“!? (чл. 10 од ЗИДЗРО/септ.10); ● се воведе нов чл. 28-а кој ги регулира измените на договорот за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Дали затоа што театарскиот механизам во Сплендид беше премногу добро склопен а стапицата толку очигледна, и успехот сосема предвидлив, Жене за време на животот одбиваше драмата да ја објави или постави на сцена.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Имено, наместо да означува трансформација на (поголемиот дел од) општествениот и државниот капитал во приватен и воведување на пазарни механизми во економијата, овој поим беше ефемеризиран до значење – достигнување на стандардите на западните земји во политичката и особено во економската сфера.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Исчитувањето на Anemic-cinema ни помага да го откриеме, како што веќе реков, едниот од најзначајните механизми во Дишановата инвенција, кој е инспириран од интересниот багаж на езотеричното, филозофско- филозофирачкото, мистичко-мистериозното-мистифирачко значење.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Меѓутоа, најбитниот аспект што може да го согледаме во овој случај е позитивниот пример за решеноста и одлучноста на работниците како Ѓорѓиевски, кој и покрај сите објективни и субјективни пречки, сепак се одважи да се спротивстави на неправдите кои катадневно ги трпеше на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Зад напластеното сивило, ликот на еден Фројд стануваше нејасен и тој, Иван, почувствува дека совршениот механизам во него се руши со татнеж, дека тоне во црна недогледност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)