метро (имн.) - и (сврз.)

Во тоа расположение дојде првиот пред цевката на Јована, но овој го пропушта два три метра и погледна во Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Народните непријатели, под строгото око на народните одмаздници, како мене, нели, целото место околу вилите фино го оградија со плетена жица, висока едно две метра и повеќе и најгоре врзаа и два - три реда бодликава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На „Халите“ излегов од метрото и тоа токму пред една од најстарите париски цркви „Сан Осташ“, пред чии портали беше насобран народ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најпосле измеривме: едно метро и дваесет сантиметри завирена вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја плесна на маса дипломата, се испрчи со своите метро и педесет под прашалник: „Положив, со одличен пет!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас насетувам што има наумено, ама не знам како може да го направи тоа во вакво време кога на планините има по метро и повеќе снег!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Две парчиња од метро и пол и две од половина метар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Леле, ама автенце ќе направиме! Спортски едносед на ножен погон.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Влатко предложи да пресечам уште едно парче од метро и пол, за на средина, како надолжна оска - за да биде поцврсто. И тоа го сторивме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Има и кутија со жолта боја. Ќе му удриме четка - оддалеку да се жолтее како поштенско авто.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потоа на Влатко му ја објаснив мојата концепција: ќе биде метро и пол долго и пол метро широко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)