метро (имн.) - оддалечен (прид.)

Но и ќуќите опустеа не само ноќе што се светеа, ами и дење скоро сите беа затворени.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А штом ќе паднеше мракот селото беше блокирано, а баш најлошиот Расимчауш со педесет војници се сместуваше во црквеното кале за да го брани конакот од мудурот, кој беше десетина дваесет метра оддалечен од црквата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Авторот без збор седна на околу половина метро оддалечен од него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Плус нејзината ќеркичка која мирно спиеше во собата само два метра оддалечена од нив.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)