А, и назад кога се враќам,дома, не дека имало некој што во несвест ќе падне кога ќе ме здогледа (со исклучок на ТОТО, кој како луд скокаше по едно метро во вис): „Дошла мама, ќе ми даде кучешки бисквит“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сулоага, со ќуркот на едното рамо, чибук од половина метро в уста, едвај го лапа ќилибарот, се шетка и прави муабет, де со еден, де со друг чорбаџија Распрашува за дома, за деца, за стока и за бериќетот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А оној продолжи и сега да отскака исто како да не се случило ништо, цепејќи ја белината на сиот оној простор нагоре, пречекорувајќи и по десетина метра во еден заграб, додека земјата подмолно протатнуваше од секој негов скок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И така, додека се возите во метрото во утринските часови и се борите за место за стоење, неустено, по неколку станици, гледате дека останувате сам, луѓето ги снемало, одлетале некаде, чиниш како претходнот момнет и да не биле тука.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Долго копавме. Неколку квадратни метра во длабочина од педа веќе беа изровени.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)