метод (имн.) - ќе (чест.)

Татко и Камилски уште долго време се договараа доцна во ноќта, до утрина, каква постапка или, како што велеше Камилски, каков метод ќе изберат во издвојувањето, односно во селектирањето на стоте најопасни турски, погубни османизми кои се појавуваа во балканските јазици и ѝ се закануваа на иднината на нивните потомци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Испитаникот по желба може да ги менува каналите во текот на дваесетоминутната презентација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како илустрација за наведените методи ќе опишеме неколку најефектни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Студијата која ги обработува основите во тестирањето на пропагандните пораки укажува на следното: 1) ефектот на пропагандната креација не може да биде измерен доколку барем два пати не е изложен на перцепцијата на целниот сегмент на побарувачката (терк); 2) секое препознавање на целите на истражувањето од страна на испитаникот ја докажува погрешно избраната метода; 3) секое истражување се спроведува со споредување на резултатите од контролата и експерименталната група; 4) тестот на присеќавање се прави како со така и без помошта на испитувачот; 5) се мери степенот на преференција во одредена група производи; 6) се мери поттикот за купување и се утврдуваат конкретните причини; 7) тестирањето се спроведува на еден дел или пак на целиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сеедно каков пристап ќе избере и сеедно каков метод ќе примени, тешко е да се процени колку е авторот во состојба тоа успешно да го направи кога е во прашање неговото сопствено творештво, притоа да не ги изневери колку основните важечки принципи на теоретската опсервација што ја применува, толку и да ги појасни, барем, стожерните пунктови на сопственото творечко искуство.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)